Охрид, 13. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.
– Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.
Наградата на Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 76