Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – СДС, очајни сте, затоа што охриѓани во неделата јасно ви порачаа дека следуваат промени и на централно ниво. Не можејќи да се помирите со вашата неспособност и неработење, единствен излез барате во манимулации и ширење невистини меѓу охриѓани, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОО на СДСМ.
– Замислете, вие, кои за 4 години локална власт не мрднавте со прст за Гимназијата, вие кои за 8 години централна власт шајка не заковавте, сега се дрзнавте да коментирате за градежните зафати и целосната реконструкција на училиштето. Ја уништивте Гимназијата и сега уште имате лице да коментирате, па кажете што направивте за истата? Има ли поголема небезбедност и страв за вработените, за кои сте вие главни виновници, од тоа што укинавте една паралелка во Гимназијата? Лицемерни сте, затоа што го запустивте Угостителското и го претворивте во партиски штаб, без нималку совест ги оставивте учениците цела година да учат онлајн, а вработените да мрзнат во една просторија. ВМРО-ДПМНЕ започна, и има да ја заврши целосната реконструкција на гимназиската зграда, како со училишниот двор и негово партерно уредување, потоа со внатрешни ѕидови, кров, под и столарија, како и со промена на електричната инсталација. Создавањето услови за подобар воспитно-образовен процес и грижа за сите се наша обврска затоа што ја добивме довербата од охриѓани и никогаш нема да ги изневериме. Колку се грижите за сопствениот двор и обврските на институциите со кои раководите ќе ве потсетуваме, а вие најдобро е уште сега да се скриете некаде, зашто жив срам ќе ве изеде од вашата неспособност и хаосот кој го оставивте. Гледајте и учите како се работи! Охрид се сака со дела, а не со деструкција, стои во реакцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес