Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ Охрид: Еден месец откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во Гимназијата, таа останува рак рана за охриѓани

Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден месец откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во Гимназијата, таа останува рак рана за охриѓани, раегираат од ОО на СДСМ од Охрид.

– Ова е објектот кој е рак рана за охриѓани и кој дефинитивно не само што од лани ја ужаснува сликата за Охрид и во сончеви, а особено во врнежливи денови, не само што претставува опасност за децата и вработените туку ја претставува и кристално јасно сликата за владеењето на Мицкоски и неговите кадри. Вака владее ДПМНЕ со Охрид… Хаотично, без ред и поредок. Еве вака сака да владее Мицкоски со народот, бидејќи Мицкоски и неговите кадри само ова го умеат, стои во реакцијата.

 

Слаткоречивите МИЦКОВИСТИ не умеат ни дворот пред сопствената одаја да си го направат, а не пак држава да водат ! 🤦🏻‍♀️

Posted by СДСМ Охрид on Tuesday, March 5, 2024

Од партијата додаваат дека веќе еден месец помина откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во Гимназијата, сакајќи на сентименталност да го убеди народот во Охрид дека ќе биде и ќе се среди.

– Но и по еден месец ископините се’ уште стојат, учениците се’ уште со страв поминуваат, вработените се’ уште се убедувани дека ќе ја биде работата. Нема време кадарот на Мицкоски да поработи на решавање на проблемот. Времето им е скапоцено и единствено треба да се искористи за промовирање на лажна близина со народот, за манипулативни ветувања и на своите членови, за навреди на политичкиот опонент, за надеж дека ќе дојдат на власт мислејќи дека доволно го натераа народот да им верува. Но, фактите не им одат во прилог на слаткоречивите Мицковисти. Не умеат ни дворот пред сопствената одаја да си го направат, а не пак држава да водат, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: СДСМ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука