Охрид, 20. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утрово продолжија градежните работи на малиот пристапен пат до зградите наспроти охридската Пожарната.
Поради изградба на нова зграда, на овој дел од градот се изведуваат засилени градежни работи, што го отежнува движењето, особено со автомобили. Полициската и пожарната станица, како и пунктот за вадење документи, во комбинација со навиката за паркирање на овој потег, го прави овој дел вистинско тесно грло, а во делови од денот е скоро невозможно нормално да се функционира.
Жителите апелираат на итно завршување на работите и овозможување на нормален пристап до домовите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 98