април 14, 2018

Охрид, 14. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Откако беше извршена подготовка на коловозот за асфалтирање кон средината на минатиот месец, денес започна асфалтирањето на едната коловозна лента на патниот правец Охрид-Св. Наум, на делот кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ до свртувањето кон плажите „Куба Либре“ и „Кадмо“.

Работите се дел од подготовките во пресрет на летната сезона, а одговорните екипи денес започнаа со работка, откако тоа го дозволија временските услови. Ударните дупки и нерамниот коловоз на овој потег подолг период наназад претставуваа сериозен проблем за возачите.

asfaltiranjeplazi2Одговорните апелираат на внимателно возење до граѓаните за да не дојде до несакани последици и оштетувања на возилата. Во моментов се вози во два правци на едната трака на потегот од кружниот тек кај поранешна „Охридија“ до патот кој свртува кон плажите „Куба Либре“ и „Кадмо“.

Според најавите, комплетната санација се изведува на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“, се` до хотелот „Славија“, каде од претходно се вршеше санација на коловозот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука