Штип/Охрид, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Штип ќе се одржи Второто коло на Првата и младинската бокс лига.
Турнирот ќе се одржи во СРЦ „Џексон“ со почеток во 14:00 часот, а организатори се БК „Пинк пантер тим“ и Боксерската федерација на Македонија. Ќе настапат пет боксери од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид: Наум Стојаноски (67 кг), Христијан Стојаноски (46 кг), Димитар Ѓорески (63 кг), Енис Алиу (71 кг) и Михаил Абрамоски (40 кг).
Најдобрите охридски боксери вчера во Штип учествуваа и на Меморијалниот боксерски турнир „Јордан Мијалков“. Енис Алиу во категоријата до 71 килограм и младите охридски боксери, браќата Христијан и Наум Стојаноски во категориите до 46, односно 67 килограми, се закитија со златни медали. Димитар Ѓорески во категоријата до 63 килограми освои сребрен медал, заедно со Михаил Абрамоски, кој исто така се враќа со сребрен медал во категоријата до 40 килограми. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива