Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – По првата вечер и настапот на Драган и Ратко Даутовски, синоќа уште една вечер за вљубениците во добра музка, во рамките на второто издание на Ohrid Jazz Festival.
Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал), Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас направија уште една топла летна, охридска вечер да биде исполнета со врвна музика, затоа што „во Охрид секогаш се слушала и пуштала најубавата музика.“
Македонската џез уметница и нејзиното трио се веќе добро познати на јавноста како група која изведува квалитетна и уникатна музика.
Ohrid Jazz Festival е во организација на Општина Охрид и се одржува во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот. Влезот за сите посетители е слободен.
Започна минатата година во насока на збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива