април 30, 2018

Охрид, 30. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес во 15:00 часот истекува рокот до кога може да се доставуваат понудите за користење на локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.

Согласно огласот што го објави општината, предвидени се локации за поставување фрижидери за продажба сладолед, за продажба книги, уметнички слики, сувенири, како и за продажба на храна.

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 денови. Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди и тоа на страната www.eaukcijaohrid.mk.

Од локалната најавија дека повеќе нема да се толерира нелегално поставување урбана опрема на јавни површини.
Сите субјекти кои веќе ја поставиле урбаната опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани.

Токму тоа, да не се повторува панаѓурскиот лик на Охрид со тезги поставени на несоодветни места, побараа и граѓаните на анкетата што неодамна ја спроведоа Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука