Охрид, 12. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Многу изгорена трева, неколку дрвја и помали оштетувања… Како сценографија од воен филм изгледаше денес просторот на охридската касарна „Михајло Апостолски“, еден ден по вчерашниот пожар кој ја вознемири охридската јавност.
Екипата на Супер радио и OhridPres направи неколку фотографии, како илустрација на немилиот настан од вчера, кој внесе немир и вознемиреност кај граѓаните на Охрид.
Пожарот избувна нешто по 15:00 часот, а од охридската противпожарна единица излегоа на терен со 4 возила и 16 пожарникари, кои заедно со граѓаните успешно го изгаснаа пожарот пред дождот проследен со поголемо невреме, кој подоцна го зафати регионот.
Во пожарот изгореа неколку борови и тревата во кругот на касарната, а брзата реакција не дозволи истиот да се прошири кон околните куќи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес