Скопје/Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за култура при македонското Собрание, денес ќе расправа за Законот за управувуање со Охридскиот регион.
ЕКО активнистите и граѓанскиот сектор на социјалните мрежи реагираат дека јавноста, граѓаните и граѓанскиот сектор не се поканети на седницата.
Согласно препораките на УНЕСКО, општина Охрид изработи Регистар на нелегални градби, но се’ уште не се знае дали истиот ќе биде јавно обелоденет. Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески вчера истакна дека истиот треба да се дообработи, па доколку постојат законски можности да тоа биде документ од јавен карактер, истиот ќе биде објавен.
– Општина Охрид за првпат во историјата, и единствена во државата, во согласност со препораките на УНЕСКО направи Регистар на нелегални градби. Кога ќе се дофилтрира и дообработи, доколку постои законски можности да тоа биде документ од јавен карактер ќе го објавиме, рече Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива