октомври 5, 2022

Охрид, 5. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Партијата Левица, откако претходно поднесе иницијатива за забрана на здружението „Иван Михајлов“ во Битола, денеска до ОЈО Охрид поднесе иницијатива за забрана и на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“.

– Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија. Сепак, поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза. Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата, реагираат од Левица.

Од партијата за петок, 7-ми октомври 2022 година, со почеток од 11:30 часот, на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, повикуваат на протест против отворањето на клубот „Цар Борис III“.

– Да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив. Не за бугарскиот Хитлер. Смрт за фашизмот, слобода на народот, додаваат од Левица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука