ноември 15, 2021

Охрид, 15. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нефи Усеини советникот на ДУИ во општина Охрид денеска ќе поднесе оставка од ова функција. Информацијата за неговата оставка, за „Слободен печат“ ја потврди самиот Усеини.

– Точно е дека денеска ќе поднесам оставка од функцијата општински советник на општина Охрид, изјави Усеини за „Слободен печат“, без да образложи кои се причините за ова одлука.

Контроверзниот бизнисмен од Охрид, Нефи Усеини, беше носител на изборната листа на ДУИ за советници во општина Охрид на локални изборите.

Усеини беше советник и во претходниот состав на општинскиот совет, но лани поднесе оставка. Тој ѝ е познат на јавноста по повеќе скандали, од кои најпознат е случајот со терасата-дивоградба на неговата пицерија во центарот на Охрид, кај стариот Чинар. Усеини во 2019 година со закани спречи инспектори да извршат увид кај дивоградбата, која сѐ уште стои на истото место. Дивоизградена е и неговата бетонска база за ископ на песок на стариот пат Охрид-Струга.

Усеини во ноември минатата година даде оставка од функцијата советник и во минатиот советнички состав. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука