септември 23, 2017

Охрид, 23. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро денес е на 695,22 см, само неколку сантиметри над најниската кота.

Според одговорните, алармот се вклучува кога нивото на водата во езерото ќе падне на 695,10 см.

vodostojseptemvri20173Изминативе денови охриѓани преку медиумите и социјалните мрежи реагираат дека е повторно видно намален водостојот на езерото. Еколозите и експертската јавност веќе подолго време предупредуваат дека Охридското Езеро се користи како акумулација со тоа што вештачки се регулира и таквиот пристап доведува до променливи состојби кои се опасност за живиот свет во езерото.

vodostojseptemvri20172Според стручните лица од Хидробиолошкиот завод ендемичните видови живеат во ареали и тоа токму во крајбрежните делови каде што се и најзабележливи промените во водостојот. Па, нормално ваквите промените со нивото на водата претставуваат опасност за живиот свет. dejankornerДејан Пановски, координатор на ГЕФ дримскиот проект, во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио неодамна истакна дека индивидуалната свест, но и ангажирањето на инстутициите за решавање на одредени проблеми се клучни кога станува збор за грижата на Охридското езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука