јуни 26, 2017

Охрид, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Само 12 часа подоцна, по земјотресот кој го погоди поширокиот регион на Охрид, нешто по 01:00 часот, денес околу 13.47 часот се случи уште еден земјотрес со јачина од 3,6 степени.

Според првичните информации, епицентарот бил на 5 километри од Ресен и само 2 километри од Јанкоец, на длабочина од 2 километри.

zemjotres2606171Дeнешниот потрес е само продолжение на низата потреси кои го тресат регионот на Охрид изминатите десетина дена. Земјотресот од ноќеска се случи во 01:02 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,8 степени. Според досегашните податоци,  земјотресот беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Пред само една недела, серија земјотреси ги возменирија охриѓани.

Првиот и најсилен  се случи на 18-ти јуни, 2 минути по 02:00 часот и според Европската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ) неговата јачина била 4.1 степен (според други мерења, јачината била 3,6 степени). Епицентарот на земјотресот беше на 8 километри од Ресен, односно во близина на охридското село Косел. Истиот ден, нешто после 08:00 часот, се случи уште еден земјотрес со јачина од 2,9 степени, исто така во близина на Косел.

Само два дена подоцна, на 20-ти јуни, силен земјотрес со јачина од 3,6 степени ги вознемири охриѓани нешто после 15:00 часот. Епицентарот на потресот беше во близина на селото Скребатно, а освен краткотраен прекин на напојување со електрична енергија на дел од улицата „7-ми Ноември“ и страв кај охриѓани, не предизвика материјална штета. (Крај)

извор: Сеизмолошка опсерваторија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука