Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако пред два дена објавија поразителни фотографии на нашиот колективен (и поединечен во овој случај) срам, членовите на нуркачкиот центар „Akvatek“ започнаа со сопствена акција за вадење на „тоалетот“ од водите на Охридското Езеро.
Тие со сопствен пример сакаат да покажат дека езерото е навистина се’ што имаме и дека мора заеднички да се грижиме за него.
– Извадени се делови од тоалетот, а деновиве ќе ја вадиме и кадата, изјави за Супер радио и OhridPress нуркачот Никола Паскали.
Додава дека локацијата е помеѓу „Сараиште“ и „Мостот на Желбите“, на околу 100 метри од брегот, на длабочина од 5 метри. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Никола Паскали
Прочитано: 37