Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако пред три дена објавија поразителни фотографии на нашиот колективен (и поединечен во овој случај) срам, а вчера информираа и за стартот на акцијата за чистење, членовите на нуркачкиот центар „Akvatek“ комплетно го извадија „тоалетот“ од водите на Охридското Езеро.
Надвор е веќе и „најславната“ када во државата, која ја објавија бројни медиуми во државата. Од „Akvatek“ сакаа со сопствен пример да покажат дека езерото е навистина се’ што имаме и дека мора заеднички да се грижиме за него.
Нуркачот Никола Паскали до редакцијата на Супер радио и OhridPress достави и кратко видео од акцијата за чистење.
За екологијата, за тоа колку се грижиме сите заедно за езерото, но и за многу други теми, Никола ќе биде денешен гостин во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио после 12:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Никола Паскали