септември 1, 2024

Охрид, 1. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Лео Мартин, Мирзино јато, Срѓан Марјановиќ, Кристијан Рахимовски, Принц од Врање, Ана Петановска, охриѓаните Броз и марама…

Овие и многу други имиња, под водителската палка на одличните Дејан и Маријана направија синоќа да имаме уште една преубава и весела вечер на сцената на „Долни Сарај“ во преубавиот Охрид, како круна на најновото, 31. издание на фестивалот „Охрид Фест – Охридски трубадури“.

Награди од публиката:
1. Немања Радошевиќ (Србија)
2. Лола Пухар (Хрватска)
3. Емин Печанин (Хрватска)

Награди од жирито:
1. Мила Николовска Ѓумар
2. Милорад Мијушковиќ (Црна Гора)
3. Милан Бујаковиќ (Србија)

Награда за интерпретација: Дорис Димовска

Најтрубадурска поп композиција: Стефан Спироски
Награда за најдобра аудио продукција: Студио тра ла ла
Најдобар дебитант: Илија Јовчев
Награда за сценски настап: Славчо Крезовски
Најдобар аранжман: Александар Валенчиќ
Најдобар текст: Весна Малинова „Нека свети“
Новинарска награда: Немања Радошевиќ
Најслушана песна помеѓу два фестивали: Мила Николовска Ѓумар – Шепни ми
Награда „Долни Сарај“ – Сергеј Попоски

Откако неодамна го промовираа првиот сингл „Галеб охридски“ во познатото охридско „Форт Кафе“, Владо Броз и Марама синоќа пред своите охриѓани се претставија и со вториот, „На тебе сум осуден“, како дел од Интернационалната вечер на фестивалот. Песната е дело на познатиот продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, кој е автор и на „Чувам слики, спомени“, со која Емилија Маринова се претстави на Фолк вечерта, на која Благоја Грујовски со песната „Ноќва Охрид не спие“ и Ленче Кукиќ со „Добри ангели“ се прогласени за најдобри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука