август 31, 2024

Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Благоја Грујовски со песната „Ноќва Охрид не спие“ и Ленче Кукиќ со „Добри ангели“ се прогласени за најдобри на Фолк вечерта на најновото, 31-во издание на популарниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, која се одржа синоќа на сцената „Долни Сарај“ во Охрид.

На Фолк вечерта се доделени следните награди:

Публика
1. Благоја Грујовски „Ноќва Охрид не спие“
2. Драган Николовски Даце „Катанче“ и
3. Влатко Миладинов „Песна за Свети Наум“

Жири
1. Ленче Кукиќ „Добри ангели“
2. Група Биоритам „Засекогаш твој“ и
3. Благица Павловска „Химна на љубовта“

Доделени се и следните награди:
– Најдобар дебитант: Катерина Ристова
– Најдобар текст: Катанче на Анита Даева
– Најдобар аранжман: Дејан Георгиевски Ѕене
– Награда за најдобра интерпретација: Горан Кукиќ
– Најтрубадурска песна: „Ќе ти дарам еден цвет“ – Нино Величковски
– Награда „Долни Сарај“: Катерина Танева
– Новинарска награда: Ленче Кукиќ „Добри ангели“
– Награда „Аце Ангелески“: Анета Арсовска

Станува збор за еден од најпознатите музички фестивали во Република Македонија. Вечерва следува и Интернационалната вечер која е резервирана за поп-музиката. На сцената ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, но и охриѓаните Владо Броз и Марама, кои ќе се претстават со песната „На тебе сум осуден“, која е дело на познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука