Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ продолжуваат со активностите за подигнување на совеста за чист Охрид.
– Апелираме до ЈП „Охридски комуналец“ во најкус временски рок да се исчисти ѓубрето од локацијата кај Општата болница во Охрид. Сакаме да потсетиме дека на истата локација нашите активисти пред една година беспрекорно го средија местото и беше една од нашите најуспешни акции, потенцираат од „Чист Охрид“.
Неодамна тие имаа акција за чистење околу зградите кај „Христо Узунов“ каде имаше голема количина на отпад на повеќе места, вклучително и на тревниците околу зградите. За прв пат за време на оваа акција имаа и помош на претставници на новата локална самоуправа во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива