септември 27, 2019

Охрид, 27. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Соодветните служби при општина Охрид викендов ќе вршат контрола врз уривањето на дивоградбите, како дел од мерките за зачувувањето на статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО.

Сопствениците на дивоизградените платформи претходно прифатија сами да ги уриваат платформите, откако инспекторите и градежната екипа утрово пристигнаа на местото на настанот, со налог за уривање.

Ова е првичниот епилог од стартот на отстранувањето на дел од платформите од угостителските објекти во стариот дел на градот.

Екипите на охридската полиција, општински инспектори и градежни работници утрово пристигнаа пред угостителските објекти „Момир“ и „Ликвид“.

Сопствениците сами ќе ги уриваат платформите, инспекторите ќе вршат контрола

Денес се очекува да започне уривањето на платформите во стариот дел на градот (Фото)

Сопствениците на кафе барот „Аквариус“ неодамна самоиницијативно го започнаа отстранувањето на платформата.

Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески вчера истакна дека ако општината претходно постапувала така како што се постапува сега на секоја активност на дива градба да се пристапи кон отстранување по основ на решение, ќе немавме проблем со бесправно изградени објекти.

– Дел од угостителите почнаа сами да ги отстрануваат платформите. Сите тие добија решенија за извршување за вчера, им дадовме рок од три дена, ако не ги отстранат да ги отстраниме ние. Платформите ќе се отстрануваат целосно како на угостителските објекти така и на плажите, истакна вчера Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука