Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид обезбеди спортска опрема за боксерите од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид.
– Денеска се сретнав со членовите на боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид кои на 22-ри јуни ќе земат учество на државниот натпревар што се одржува во Тетово. Како Локална самоуправа кој е постојан ветер во грб на сите спортисти и лично како поранешен спортист вложивме напори и на учесниците им обезбедивме спортска опрема. Сега и боксерите од клубот ќе настапуваат со унифицирана и брендирена опрема. Им посакувам успех, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков по средбата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40