Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Боксерскиот клуб „Шкендија НО-ЛИМИТ“, во сабота, на 22-ри јуни 2024 година, во СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи 4. коло од Првата и младинска лига.
Боите на Охрид ќе ги бранат Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Михаил Аврамоски од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид.
Охридските боксери се’ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати. Енис Алиу минатиот викенд се врати со вредна победа од Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, што се одржа во Куманово. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 81