Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните Јавни претпријатија, денеска ги отстранија типизираните куќарки од пешачката зона на кејот на Охридското Езеро.
Истите беа поставени кон почетокот на јуни оваа година и се користеа како привремени објекти во кои во текот на летната сезона се продаваа прехранбени производи. За нивно нормално функционирање беа обезбедени и соодветни услови за безбедно работење, како довод на електрична енергија и поврзување со водоводната мрежа.
Охриѓани годиниве наназад со поделени мислења за потребата, изгледот и локацијата на која се поставени овие времени објекти. Според едни станува збор за несоодветни објекти, во кои тешко се одржува хигиената и на кои не им е местото во строгиот центар на градот. Велат дека има доволно дуќани од цврста градба, а давањето на вакви објекти под наем само за неколку месеци представува нелојална конкуренција за сите трговци и угостители од Охрид кои работат 12 месеци и придонесуваат за градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес