Охрид, 17. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во охридското „Форт Кафе“ се одржа првото мартовско издание на популарните „Охридски приказни“ со Проф. д-р Устијана Речкоска – Шикоска.
– Би сакала Охрид да ни биде чист, чуван, почитуван од сите, пред се’ од нас охриѓани, сите заедно да се сакаме и почитуваме, да царува милоста и желбата за заедничко напред. Охрид е бисер, место кое инспирира и кое со својот мир е совршен простор за научно истражувачка работа, вели Проф. д-р Устијана Речкоска – Шикоска, која е дел од мартовското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“.
Таа се заблагодари на целиот тим кој го работи проектот и порача дека е среќна што е во „Форт кафе“, местото каде го наоѓа својот мир и каде има прекрасен поглед од милион долари кон „Богородица Перивлепта“.
Речкоска – Шикоска е проректор на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид и претседател на Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид. Професор, ментор, научен истражувач, жена која својот професионален век го посветила на науката.
Повеќе за неа, но и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид од интервјуто кое беше објавено вчера на OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео МЕГА Продукција