јули 19, 2024

Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро наскоро ќе може да се обиколи по целата должина по современи патишта од двете страни и во двете соседни држави – Република Македонија и Република Албанија кои го делат овој светки пророден и туристички бисер.

Откако беше извршена санација на еден од најпроблематичните делови од македонска страна, потегот до Св. Наум и од другата страна кон Граничниот премин „Ќафасан“, продолжуваат засилените градежни работи и од албанска страна, на потегот кој единствено беше останат несаниран, од градот Поградец до границата со Република Македонија.

Еден дел од овој патен правец, делницата од македонската граница до малото село Тушемишта, кое се наоѓа веднаш до границата веќе е готов, а деновиве интензивно се работи и натаму, кон Поградец.

– Непрекинато продолжува работата на патот Поградец-Тушемиште-граница, сегмент кој го сумира и обрачот на селото Тушемиште, од изворите на Загорчани, инвестиција која ќе служи, не само за подобра мобилност на жителите, туку и за подобрување на големиот туристички потенцијал што го нуди овој крај, порача денеска на неговиот профил на Facebook албанскиот премиер Еди Рама.

Со завршувањето на овој потег, ќе се заврши „прстенот“ околу Охридското Езеро со солидни патишта, што се очекува значително да придонесе за зголемување на бројот на туристите во целиот регион. (Крај)

извор: ОрхидПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука