Охрид, 03. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 03.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 03.04.2017 година
– По вчерашното полуфинале на Ohrid SUPERSTAR, одбрани најдобрите 7 кандидати кои ќе се борат за награда во финалето – од жири: Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска и Билјана Буџакоска; од публика: танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска
– Од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“- Работна Единица „Водовод“ информираат дека во четврток Охрид цел ден ќе биде без вода, поради вршење на дезинфенција на резервоарите
– Во Охрид започна напредната НАТО школа, на првиот ден се дискутираше за радикализацијата на сајбер-просторот, како предизвик кој е исклучително важен за регионот
– Се одржа конференција во Охрид за лична асистенција со која може да се дојде до поголема инклузија на лицата со попреченост во општеството
– На патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека-Врбјани, имаше прекин на сообраќајот
– Password Production го најави концертот на техно ветеранот Sven Väth на Грин Бич Фестивал во Охрид на 29-ти јули