Охрид, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 12.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 12.04.2017 година
– Во тешка сообраќајка на улицата „Питу Гули“, загина 26-годишен охриѓанец
– За православните верници продолжува Страсната седмица – денес е Велика Среда
– „Со „замислената реконструкција“ на кејот, всушност се планира навлегување со цврста градба во езерото“, предупредува Драгана Велковска, претставник на здружението „ЕДЕН“
– „Охридско лето“ ќе биде отворено со концертот на џез квартетот „Форплеј“, фестивалот доби ново лого, додека програмата беше обелоденета на прес конференција во Скопје
– Започна големата распродажба на Sport Vision во KAM Village
– Пробиени 85% од автопатот Кичево – Охрид, истиот се гради веќе три години
– Се одигра третото коло во футсал од Училишната спортска лига