Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 19.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 19. 05.2017 година
– Околу реконструкцијата на Али Пашината џамија, од Националната институција Завод и Музеј Охрид, велат дека новиот објект ќе биде само обновен, а не и надграден
– Се одржува јавна аукција за продажба на имотот на стечајниот должник „ЕМО“ АД Охрид
– Охридските матуранти танцуваа на квадрилот
– Вечерва матура ќе слават средните училишта „Свети Наум Охридски“ и „Ванчо Питошески“
– Продолжува уништувањето на сообраќајната сигнализација, оштетен сообраќаен знак кај малиот кружен тек во близина на Охридска банка
– Учениците од ОМУ „Методи Патче“ најдобри на Државниот натпревар, освојувајќи бројни први места
– Дамјан Пејчиноски и Сара Мејс со уште една нова заедничка песна – „Лажев јас“
– Траката на Dj Nasty deluxe и Mathew Brabham на прво место по бројот на преземања на djshop
– Комплетирана е програмата за годинешното издание на Green Beach фестивалот
– Натпреварувачите од „ХВА РАНГ ИТФ“ отпатуваа на Меѓународниот турнир „Љубљана Опен 2017“