јануари 3, 2017

Охрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

2Охрид во 10 на 03.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ ќе добие и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на OhridPress.

(Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

инфо: 03.01.2017 година

– Денес времето во Охрид беше сончево, попладне облачно со услови за дожд и температура до 4. степени.

– Во пресрет на Божикните празници, зголемена потрошувачка, но и повисоки цени на прехранбените прозводи.

– Од Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ од Охрид, информираа дека ефикасен третман на акутниот исхемичен мозочен удар, е сè подостапен и во нашата држава.

– Децата правобранители во О.У. „Братство Единство” и С.С.О.У. „Свети Кирил и Методиј” во Охрид најавија продолжување на активностите во рамките на проектот за спроведување на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука