јануари 7, 2017

Охрид, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

img_7708
Охрид во 10 на 07.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

инфо: 07.01.2017 година

– Рождество Христово Божик, доаѓањето на Бога како човек на земјата

– Студен Божик, максималната температура во Охрид до -8 степени

– АД „Галеб“: Автобусите сообраќаат до Трпејца, непроодно е до Љубаништа и Св. Наум

– АМСМ: Останува на сила забраната за тешки товарни возила на Стража

– Sebrit CanoSki: Се трудам да им ги исполнам сите музички желби на моите пријатели

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука