Охрид, 13. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Секојдневно добиваме се’ поголема поддршка од охриѓани. Имаме знаење, кандидати и програма за успех на изборите, порачуваат од Независната советничка листа „Охрид има План Б“.
– Воведување на општински додаток за лицата со инвалидитет, изградба на мрежа на јавни паркинзи и гаражи за да се растоварети централното градско подрачје, задолжително отворање јавни тоалети во централното градско подрачје, општинско и државно земјиште да им се додели на млади брачни парови за изградба на семејни куќи, отворање на IT зони со цел развој на нови индустрии во Општина Охрид, да се промени ГУП за ширење на градот кон околните населби… Ова се само дел од носечките тези од нашата програма, велат од „Охрид има План Б“.
Потенцираат дека секојдневно добиваат огромна поддршка од граѓаните:
Од „Охрид има План Б“ неодамна реагираа на најновата одлука на ДИК, комплетните имиња на политичките партии да останат на гласачките ливчиња, а називите на независните листи да се тргнат од гласачките ливчиња, со што може да дојде до забуна кај гласачите.
– Називите на независните листи се тргнати од гласачките ливчиња, но Охрид знае кој е нашиот број – 98 за победа. Водевме сосема позитивна кампања, се сконцентриравме на презентација на нашата програма на која вредно работеше нашиот тим и на нашите кандидати за советници со кои се гордееме. Имаме атрактивна кампања, преку која се претставивме пред нашите охриѓани. Гласачите во недела на 17-ти октомври, ќе можат да не најдат на гласачкото ливче како група избирачи Антонио Наумоски, а бројот е секако 98, порачаа од „Охрид има План Б“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива