Охрид, 9 јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – И покрај гласините кои се проширија деновиве, дека Охрид е празен, дека гостите и туристите си заминуваат поради земјотресите кои не зафатија перидов, денешната слика од охридските плажи и улици го говори токму спротивното.
Колона возила попладнево се слеваше на патот од Свети Наум кон Охрид, а меѓу нив покрај охридски, имаше автомобили од Скопје, Битола,Прилеп, Гостивар…но и со странски таблички.
Експертите со смирувачки тонови, велат нема потреба од бегање од Охрид, бидејќи во поглед на земјотресите, регионот влегува во фаза на смирување.
Ако кон ова ги додадеме и најавите на метеоролозите за пораст на дневните температури, се очекува бројот на гости во Охрид да се згоелми. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес