септември 5, 2017

Охрид, 5. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), утревечер свечено ја отвора канцеларијата на општинската организација во Охрид.

Седиштето е на булевар „Туристичка“, во Мини базарот на „Гранит”, а свеченото отворање е закажано за 19:00 часот.

Примарниот фокус на делувањето на ПОПГМ се грижата и унапредувањето на статусот и позицијата на популацијата од такавиканото „третото доба”, но со своите програмски определбни е подеднакво отворена за сите граѓани, без разлика на старосно доба, социјален статус, верско убедување и национална припадност.

Кон крајот на месец јуни беше избрано раководството на Огранокот на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, за општина Охрид. Претседателската функција му е доверена на новинарот во пензија Веле Митаноски, а потпретседателската на Виолета Велјаноска, познат активист од Охрид.

– Кога станува збор за Охрид, ова е од особено значење, бидејќи градот, сам по себе, е значаен не само за овдешните пензионерите, односно за популацијата од „третото доба“, туку и за пензионерите од целата земја. Најнапред со убавините, уреденоста на градот со парковските површини и цветните алеи, каде најчесто заседнуваат постарите, но и поради големиот број викендици и викенд становите каде, надвор од шпицот на сезоната, престојуваат постарите лица, па се` до т.н. здравствен туризам, се вели во дописот од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука