Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Овие 2-3 дена на највисоко ниво ја издигна СДСМ темата за некакви мои егзотични патувања, дополнително на тоа и кој ги плаќал… Нејсе… Како и секој нормален човек одлучив мојот годишен одмор од 6 ноќевања со сопругата да го поминам токму во овај период во ноември кога во нашиот град е потивко и помалку случувања, секако далеку од егзотично патување, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, откако од СДСМ во два наврати излегоа со обвинувања дека е на егзотично патување, заедно со членови од неговиот тим и запрашаа кој сето тоа го платил.
– Богданка Бо Кузеска и Лионела се од регионов и знаат дека на лето генерално сум во градов пред се’ заради подобро функционирање, но секако и за секој проблем или предизвик што би се појавил во нашата општина и секако дека имам право на годишен одмор со сопругата, за разлика од нив кои уживаат и не одат на работа во текот на летниот период, притоа користејќи повеќе денови од колку шо е законски препишано, тука посебно мислам на втората личност, но затоа потоа ќе дојде друг ден на таа тема… Играњето на ниски страсти и чист популизам, само ја потврди безидејноста и немањето вистински теми за комуникација и критика и само по себе, од политички аспект претставува многу лоша стратегија, а начинот на купи ден помини политика одмна веќе изгледа и смешно и погубно, пред се за државата, порача Пецаков.
Тој прашува зошто е сето ова битно и зошто токму сега пред избори?
– Додека секоја нормална влада пред парламентарни избори, би се фалела и презентирала што направила, во случајов за Охрид, тие се занимаваат со локална власт и проекти и градоначалници базирано на ниски страсти и емоции, зато шо немаат што да презентираат и она шо беше отпочнато не можат да го завршат… Затоа што од голтари станаа милионери, ја обезличија државата и ги понижија граѓаните на Македонија… Затоа што 3 од капиталните проекти на општина Охрид од како сум градоначачник, ги блокираат во министерство за транспорт и министерство за култура константно година и пол. Затоа што за прв пат во историјата на општина Охрид, нашата општина ќе биде одблокирана и раздолжена, во истиот период одблокирано ќе биде ЈП Нискоградба, претпријатие кое го создадоа истите и го задолжија 1.200.000 евра, а после тоа следува раздолжување на уште 3 јавни претпријатија. Се реализираат огромна бројка на проекти за кои граѓаните се информирани на дневна основа преку медиумите, а најчесто бројката на реализирани проекти ги надминува бројките за 6 години кои поефини институции ги направила на државно ниво вкупно. Затоа што крајот одамна ви се гледа, но егзекуцијата свесно ја одлагате, најмногу заради лично богатање и за уништување на државата и финансиско и системско, потенцира Пецаков.
Тој додава дека секако 20 пати до сега општина е прегледувана и малтретирана од сектори на стопански криминал и организиран криминал при МВР, од организирани анонимни пријави од поданици и полтрони од коалицијата ваша членови на советот, но и поранешни кандидати за пратеници (на недобитно место) подоцна и дел од советот и секако порaнешни директори на ЈП, па слободно без да поднесувате до МВР и обвинителство и сите останати надлежни институции, јавно ги повикувам да проверат и кој ми платил, а што е за право и колку се егзотични. Крајот на малтретирањето на Македонија доаѓа, а со тоа доѓаат и поубави денови, вели Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива