Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пецаков го нема никаде, дали е на егзотично патување со секретарот на општината и други лица од кабинетот и кој го платил крстарењето?

Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поминаа цели две години откако Пецаков и ДПМНЕ го запоседнаа Охрид, а тој не се одважи да застане пред охриѓани и да даде отчет за сработеното. Пецаков го нема, порачуваат од ОО на СДСМ од Охрид.

– И додека Охрид тоне секој ден, додека се тера интензивна партизаицја на општината градоначалникот од ДПМНЕ, Пецаков го нема. Цела недела Пецаков не е ниту во Охрид ниту во Македонија. Додека расте револтот на охриѓани прашањето е каде е градоначалникот Пецаков?  Според информации кои се доставени до нас, тој е на егзотично патување заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет? Кој платил за егзотичното крстарење на Пецаков? Граѓаните на Охрид очекуваат одговори, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука