Охрид, 31. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска сонцето кое силно блеска над Охрид е јасен знак за новата светла иднина исполнета со надеж. Надеж која и покрај заканите, притисоците, уцените, поткупот има да биде победничка во оваа наша заедничка битка со народот, порача денеска, откако го искористи гласачкото право кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков.
– Си ги познавам охриѓани, убеден сум во нивната решителност за промени и цврсто и недвосмислено изјаснување на своето демократско право на гласање затоа што силата на нивната надеж е нескршлива. За нашиот најубав град Охрид. За нашата најубава татковина Македонија, порача Пецаков.
Повеќе информации за изборниот ден ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28