Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорни поединци запалиле дел од каналот каде се запалени суви растенија на потегот кај кампот „Андон Дуков“, информираат читатели на OhridPress, кои ни испратија и фотографии од опожареното место.
– Времето е суво и може да се рашири пожарот и истиот да излезе од контрола, велат за Супер радио и OhridPress.
Во непосредна близина неодамна избувна пожар кој беше изгаснат од страна на 2 екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Петар Бавчанџиев
Прочитано: 29