Скопје/Охрид, 16. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Репортерите на OhridPress утрово направија нови фотографии од сидриштето „Билјанини извори“ во каналот „Студенчишта“, конкретно кај Центарот за обука на вода во Охрид.
На истите се гледа дека патеката кон каналот е во многу лоша состојба и скоро е урната.
Неодамна објавивме дека Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето „Билјанини извори“ во Охрид, со друштвото за промет и услуги „ЕМ груп електрометал“, друштво со ограничена одговорност увоз извоз од Скопје. Вредноста на договорот е 29.271.339 денари или 475,957 илјади евра.
Според точките во истиот предвидено е расчистување на теренот околу просторот и во каналот, негова адаптација за градежни работи и слично. Треба да се постават дрвени колови и дрвена платформа, парапетен бетонски ѕид покрај пешачката патека и друго. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес