Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид, на 85-годишна возраст, почина Гласот на Охрид, легендарната спикерка и радио водителка Леонора Чекреџи.
Таа беше најпрепознатливиот глас во Охрид, кој му даваше боја и убавина на радиото.
– Има нешто посебно во магијата на радиото, во можноста да раскажеш приказна, да пренесеш емоција, да создадеш нов свет и да допреш до луѓето само преку звук, кажа во последното интервју кое го даде за Супер радио и OhridPress во мај минатата година.
Важеше за исклучителен професионалец, борец за чистиот македонски јазик и неговата употреба, особено во медиумите.
Медиумската заедница во Охрид изгуби еден од своите најсилни столбови.
Од комплетната редакција на Супер радио и OhridPress испраќаме најискрено сочуство до семејството и најблиските.
Погребот ќе се одржи утре, на Градските гробишта во Охрид, од 13:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес