Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лице од Куманово, кое живеело во истата зграда и добро се познавало со убиената е осомничено за убиството на 67-годишната охриѓанка Спаса Бојоска.
Неофицијално, станува збор за лицето Ј.К. од Куманово, кој живеел еден кат над убиената и бил во брак со охриѓанка. По извршеното дело тој заминал за Куманово, во обид подоцна да ја напушти државата.
Немилиот настан се случи пред два дена во станот на Бојоска на улицата „Галичица“ во Охрид. Тој со нож ја нападнал жената и ѝ задал повеќе смртоносни убодни рани во главата, вратот и телото, по што извршил пребарување низ собите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 44