Приведен 45-годишен охриѓанец кој се однесувал агресивно кон полициски службеници
септември 2, 2024

Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. септември 2024 година, околу 01:30 часот на крстосницата од улицата „Распаќе“ со булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 45-годишно лице од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука