март 8, 2017

Скопје/Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува чинот на оштетување на приватно возило на судијка во Основиот суд во Охрид, кое го извршиле непознати сторители.

– Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува нападот над материјалните добра на судија Билјана Белевска Пројковска, судија во Основен суд Охрид, и особено доколку тие се насочени кон заплашување, односно обид за влијание во постапката за правораздавање, пишува во реакцијата.

Здружението на судиите ја истакнува својата загриженост од ваквите и случни напади на личниот интегритет и безбедност на судиите и, како што наведува, очекува дека надлежните органи во рамките на своите овластувања ќе преземат мерки за заштита и соодветно процесуирање на овие случаи. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука