јули 27, 2024

Охрид, 27. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ова што беше само најава на Facebook пред неколку дена од страна на Јовица Каралиевски, познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец, синоќа ја доби својата комплетна форма како дел од забавата во охридското Форт Кафе.

Соработката на Каралиевски со двајцата охриѓани, тој ја најави вака.

– Внимавајте во Охрид се појавија „едни двајца“, ама јас ги знам од порано… Не се овие од „чера“. По кафаниве прает лом… Мене ми дојдоја сношти… Пак сега малу било песна за летово, пак и на Охрид Фест – Охридски Трубадури да пееле… Зато пазите. Скоцкавме нешто „тројцава“, за брзо ќе кажите вие дали ќе фатит место работата, порача Каралиевски.

Форт Кафе синоќа беше премало за сите кои дојдоа во опуштена атмосфера да уживаат во најголемите хитови на Ѓорѓе Балашевиќ, за која билетите беа комплетно распродадени за само еден ден.

Песната „Галеб охридски“, која наскоро ќе добие и видео запис, за кој кадри се снимаа токму на синоќешната промоција во Форт Кафе. Песната е заедничко дело на Владо Броз и Dj Марама, како едните „двајца“ и третиот – Каралиевски кој го го подготви новиот летен хит. Важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука