Охрид, 27. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Она што започна со вечерите посветени на музиката на Оливер Драгојевиќ и продолжи со Здравко Чолиќ, синоќа експлодираше со фантастична вечер посветена на музиката на Ѓорѓе Балашевиќ во охридското Форт Кафе со популарните Владо Броз и Dj Марама.
Со тоа, од Форт Кафе го продолжува супер-успешниот концепт наречен „Мерак Моменти“, со кој полека се издвојуваат во стандардната понуда во Охрид, но и многу пошироко.
– Сите кои ги посетуваат нашите забави знаат за што зборуваме и каква атмосфера се создава. Синоќа имавме токму таква вечер – мерак вечер и за нас и за нашите пријатели, кои не посетија во огромен број. Зш меракот е најважен, порачуваат од Форт Кафе.
Објектот синоќа беше премал за сите кои дојдоа во опуштена атмосфера да уживаат во најголемите хитови на Ѓорѓе Балашевиќ, за која билетите претходно беа комплетно распродадени за само еден ден.
Вечерта беше заокружена и со премиерната изведба на новата песна „Галеб охридски“, која наскоро ќе добие и видео запис, за кој кадри се снимаа токму на синоќешната промоција во Форт Кафе. Песната е заедничко дело на Владо Броз и Dj Марама, како едните „двајца“ и третиот – Каралиевски кој го подготви новиот летен хит. Важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад.
„Мерак моментите“ во Форт кафе се уште едно заедничко дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing