Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вршителот на должност, директор на ЈП „Охридски Комуналец“ Саше Најдески, доби кривична пријава заради „злоупотреба на службената положба и овластување“, реагираат од СДСМ.
– Тој и уште три лица како членови на комисијата за јавни набавки ги злоупотребиле и пречекориле дадените службени овластувања и го оштетиле Jавното претпријатие Охридски комуналец за сума од 3.304.000 денари или над 50.000 евра. Четирите лица иако знаеле дека цената на единствената понуда за набавка на булдожер е пет пати повисока од пазарната вредност, на 17-ти јануари 2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице „Нефи ИК“ ДООЕЛ Охрид со што за околу 54.000 евра го оштетиле буџетот на ЈП „Охридски Комуналец“, од каде неодамна набавија препарат на база на алги за 24.000 евра од фирма, чиј сопственик е донатор на ДПМНЕ. Во ДПМНЕ нема никаква промена. ДПМНЕ беше и останува симбол на криминал и корупција, злоупотреби на парите на граѓаните, велат од СДСМ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива