септември 12, 2017

Охрид, 12. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со претставата „Аналфабет“ Охридскиот театар ќе гостува на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска. Режијата е на Ѓорѓи Ризески, сценограф е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Инаку, претставата „Аналфабет“ работена по текст на Бранислав Нушиќ и ги отвора сите актуелни теми, односно „ликови на власта“, на луѓето на кои кога ќе му дадеш функција ќе ја видиш нивната изопаченост.

Со оваа претстава нашиот театар учествуваше и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а неодамна го доби признанието Гран при за најдобра претстава  на четврото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“  што се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука