Скопје/Струга, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Општина Струга, од вчера, околу 14:10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај селото Долна Белица, кој подоцна се проширил кон селата Октиси и Велешта и истиот бил излезен од контрола и проширен кон шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Интервенирале со 3 пожарникари и едно против-пожарно возило, но подоцна се приклучиле и други екипи, како и месно население. Според информациите од ТППЕ пожарот е ставен под контрола околу 01:45 часот, а се’ уште гори депонијата во селото Октиси, поради што во 06:30 часот испратена е екипа од ТППЕ Струга на интервенција, додаваат од ЦУК.
Од Регионалниот ЦУК Охрид, известуваат дека пожарот на планината Галичица е активен на страната према Ресен и се шири накај селото Стење, Општина Ресен. Според известувањето на ТППЕ Ресен, се слушале и експлозии од куршуми и неексплодирани средства (НУС). Во текот на денот интервенирала и екипа од 12 лица од (НП „Галичица“, доброволци). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес