Охрид, 12. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Убавото време и продолжениот празничен викенд го исполнија Охрид.
Кафе баровите и рестораните се солидно исполнети за овој период од годината, а убавото време измами и неколку најхрабри да се искапат во водите на Охридското Езеро.
Метеоролозите за денес најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.
– Следува период на претежно сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 29