јануари 5, 2017

Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на стечаен управник, со решение на Основен суд Охрид за отворање на стечајна постапка над акционерско друштво за истражување, проектирање производство и изградба на енергетски индустриски објекти, ЕМО Охрид АД во стечај, го усвои предлогот за отворање на стечајна постапка, поднесен од доверителот Министерство за финансии УЈП РД Битола.

Се отвора стечајна постапка над должникот ЕМО Охрид со седиште во село Косел. Се повикуваат доверителите во рок од 15 дена од објавувањето на решението во Службен весник на Република Македонија, да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник.

Непосредно, пред Нова година одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од ЕМО АД Охрид, заради отворена стечајна постапка врз друштвото. (Крај)

извор: EMagazin фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука