Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Хипер маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“ се одржа финалната забава за ова лето со Тиквеш и прекрасните вкусови на виното Luda Mara.
– Ова е вистинско „лудо“ лето со Луда Мара, Тиквеш и „Тамаро“ во Охрид – да го погледнеме светот во очи. Ова лето Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш. За летни авантури кои доаѓаат брзо како и брзиот тек на реката, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со екипата на Супер радио, уживаше со бројните купувачи во големиот маркет на „Тамаро“ во посебно уредениот дел во објектот, посветен исклучиво на пијалокот на Боговите.
Покрај стандарната презентација и дегустација на врвните вина, на вечерашната забава, со екипата на Супер радио беше и Ангел Секулоски, локален претставник на компанијата Тиквеш.
– Следната година е јубилејна, Тиквеш слави 140 години постоење, а ова лето најголем хит беше Луда Мара што е продолжение на едицијата Special Selection. Вината во светот добиваат географска одредница и токму затоа се роди Луда Мара. Самиот бренд има две нови етикети бело и црвено куве под брендот Луда Мара. Идејата за името е од реката Луда Мара која тече низ Кавадарци. Низ минатото има преданија за нејзиниот луд тек кога има поголема вода. Реката знаела да се излее и толку многу надоаѓала што навлегувала и во подрумите и ги потопувала бочките со вино. Се верува дека реката има немирен дух и брендот е поврзан токму со реката, истакна Секулоски.
Заедно со Жанко, тој ги претстави вината на Тиквеш.
– Luda Mara Red Cuvée претставува купажа од сортите вранец, каберне совињон и гренаш кое плени со сочна разиграност, вкусови на капина, црна рибизла и зачински ноти во позадина и долготраен финиш. Luda Mara Temjanika е освежително вино со интензивни вкусови на зрели агруми и зелена слива, идеално сервирано на температура од 7 степени Целзиусови. Luda Mara Vranec Уживај во суво вино со полно тело и танини со вкусови на зрела вишна, црна рибизла и калинка. Долгиот и комплексен финиш сам ќе исцрта насмевка на твоето лице… Luda Mara White Cuvée Кога сакаш да ја почувствуваш свежината во топлите летни денови препушти се на оваа купажа од шардоне, совињон блан и виоње која во себе ги има аромите од лимета, грејпфрут, круша и бела праска, проследено со овошни цветови и тревни ноти, порача Жанко.
Посака секој момент поминат со чаша Luda Mara во раката биде исклучителен, да конзумираат одговорно и да учествуваат во секојдневните извлекувања кои се во финална фаза кога ги доделуваме највредните и најдобрите награди секој работен ден во 10:00 часот на Facebook профилот на Супер радио и ќе трае до крајот на август.
– Го зачувавме најдоброто за крај. Дали сте подготвени за секојдневни подароци, но и многу повеќе од тоа? До крајот на август за вас имаме подготвено: секој ден вино Luda Mara и Т’га за југ, ручек во винаријата на „Тиквеш“ со еден прекрасно поминат ден таму за 4 лица, вино Luda Mara во посебно двојно пакување, 20 ваучери со вредност од по 1.000 денари за купување на производи на „Тиквеш“ во маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, 3 награди Магнум Барово, обиколка на Тиквешовите лозови насади Домеин Лепово за 5 најсреќни групи пријатели од по 4 лица, ќеси за ладење на вино… Сето ова за заедно да го прославиме крајот на едно вакво прекрасно, топло и долго лето охридско, порачуваат организаторите.
Додаваат дека и учеството е лесно и треба само да го тагирате пријателот кој знае да ужива во пијалокот на Боговите и да го споделите постот.
– Ова лето Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш, порача Жанко на финалната забава во Хипер маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес